Два начина за брз трансфер на пари, дома или во странство:
Едноставен и брз начин за испраќање пари со број на картичка
За да испратиш пари на член од семејството или пријател потребен ти е само неговиот 16-цифрен број на картичката Visa.
1. Побарај го 16-цифрениот број на картичката од примачот
2. Одбери го саканиот метод за трансфер
3. Внеси ја сумата
4. Испрати ја посакуваната сума
5. Средствата ќе бидат префрлени речиси веднаш (во зависност од банката)
Испрати пари брзо и безбедно само со телефонски број
Испраќањето пари до пријатели и до семејството никогаш не било полесно со Visa! Веќе не ти е потребен број на картичка — само телефонскиот број на примачот. Едноставно, одбери контакт од твојата листа. Трансферите преку телефон се лесни, брзи и сигурни.
1. Отвори ја мобилната апликација на твојата банка
2. Одбери „трансфер на телефонски број“
3. Одбери контакт или внеси број
4. Испрати ја саканата сума
5. Средствата ќе бидат префрлени речиси веднаш (во зависност од банката)