Ви ја претставуваме глобалната уметничка колекција на Visa
Инспирирана од нашето партнерство со ФИФА, оваа соработка со уметници, прва од ваков вид, слави обединувачкиот дух на фудбалот и ги издигнува уметниците во центарот на вниманието.
Запознајте ги уметниците
Visa ангажираше повеќе од 20 уметници од шест континенти да создадат визуелна претстава на својата земја, како начин да се прослават разновидните традиции и приказни што го прават фудбалот универзален.
ГЛОБАЛ
Darien Birks
Дариен Биркс (Darien Birks) е илустратор и директор за дизајн. Денес работи независно и ги истражува поп-културата, портретите и секојдневните предмети низ призма на носталгија и раскажување приказни. Неговата работа ја спојува дизајнерската дисциплина со експресивна илустрација.
ОСТИН, ТХ
Nathan Walker
Нејтан Вокер (Nathan Walker) е уметник што работи во Остин, Тексас. Тој води сопствено студио каде што ги оживува приказните преку смела работа водена од ликови, полна со енергија и индивидуалност. Поттикнат од љубовта кон спортот, натпреварувањето и културата на уличната уметност, Нејтан дава уникатна гледна точка во секој проект и се фокусира на создавање дела што изгледаат свежо, промислено и визуелно впечатливо.
МАЈАМИ, ФЛОРИДА
Ivan Roque
Ајван Ј. Роки (Ivan J. Roque) е кубанско-американски муралист роден во Мајами, чијашто работа го отсликува колоритниот ритам и културниот спој на градот. Вкоренета во населбите и во визуелниот јазик на Мајами, неговата работа е претставена во градови како Њујорк, Дубаи и Сеул, како и преку јавни нарачки низ Соединетите Американски Држави.
КАНАДА, ВАНКУВЕР
Rafael Mayani
Рафаел Мајани (Rafael Mayani) е илустратор што работи во Ванкувер, Канада. Студирал индустриски дизајн во Мексико Сити и визуелни уметности во Барселона пред да развие препознатлив стил обележан со живописна боја и разиграност. Неговата работа се појавува во различни медиуми, од сликовници до приказни со илустрации.
АТЛАНТА, ЏОРЏИЈА
Frank „Paper” Dunson
Пејпер Франк (PaperFrank) е самоук мултидисциплинарен уметник од Џорџија со длабоки корени во креативната сцена на Атланта. Израснат во семејство уметници, тој ги обликувал своите искуства и несовршености во препознатлив визуелен стил. По дипломирањето, продолжил да истрајува, изградил кариера во локалната уметничка заедница и на крај добил искуство со работа во познато локално студио за тетовирање поставувајќи ги темелите на својот подем во градот што продолжува да влијае врз неговата работа.
ФИЛАДЕЛФИЈА, ПЕНСИЛВАНИЈА
Raheem „King” Saladeen Johnson
Роден и израснат во Западна Филаделфија, Раим Саладин Џонсон (Raheem Saladeen Johnson), познат како Кинг Саладин (King Saladeen), ја открил својата страст кон уметноста уште на рана возраст, и покрај ограничените креативни можности. Како уметник, целосно се посветил на својот занает развивајќи го живописниот стил што ќе му донесе национално и меѓународно признание. Денес Кинг Саладин е познат по своите динамични современи дела, сите длабоко вкоренети во инспирацијата од неговото растење во Филаделфија.
КАНЗАС СИТИ, МИСУРИ
JT Daniels
ЈТ Даниелс (JT Daniels) е уметник што работи во Канзас Сити, кој спојува ликови, фрази и преклопени фигури во ритмични композиции инспирирани од луѓето што ги среќава низ градот. Неговата работа ги претвора секојдневните врски во визуелни приказни за поврзаноста, порастот и за постојано променливото човечко искуство. Секое лице и форма ја отсликуваат енергијата на Канзас Сити и на заедниците што го обликуваат неговиот креативен глас.