Откријте ги сите поволности на програмата со Visa Premium
Зимската сезона е период на релаксација, патувања, специјални моменти и на луѓето што ги сакаме. Visa е дел од таа зимска магија нудејќи им богат избор на поволности на корисниците на картичките Premium и правејќи ја оваа сезона уште поубава. Истражете ги сите придобивки што ги нудат картичките Visa и уживајте уште повеќе во магичната сезона.
Visa, свет на поволности
Светот на поволности со Visa Premium ви отвора врата кон многубројни специјални услуги, кои ви го разубавуваат секојдневието. Без разлика дали планирате патување, уживање во пазарење, излегување, откривање нови искуства или сакате време за релаксација и за грижа за себе — картичките Visa Premium ви овозможуваат ексклузивни попусти, подароци и привилегии.
Поволности за патување
Со картичките Visa Premium секое патување добива ново ниво на удобност. Уживајте во пристапот до салоните DragonPass, во безбеден мобилен интернет во странство AirAlo и во побрзо минување преку брзата лента — за вашето патување да тече лесно и без стрес затоа што вашата удобност е секогаш на прво место.
Fast Track — Скопје
Fast Track на аеродромот во Скопје
DragonPass
Бесплатен влез во повеќе од 1.200 деловни салони на аеродромите низ светот
Visa и роаминг-пакет AirAlo
Од 3 GB бесплатен интернет со роаминг-пакетот AirAlo преку Visa Консиерж чет ботот